Поставувањето на дивите тезги долж кејот да се регулира со закон

Годишната програма за поставување урбана опрема ќе почека некоја наредна седница. Ќе биде донесена откако советниците од сите политички партии ќе се произнесат по овој предлог.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohrid
Ohrid

urbana opremaГодишната програма за поставување урбана опрема ќе почека некоја наредна седница. Ќе биде донесена откако советниците од сите политички партии ќе се произнесат по овој предлог.

Да се спречат загубите кои ги трпи општина Охрид поради диво поставените тезги на кејот. Советниците на ВМРО-Народна со став-поставувањето на тезгите долж кејот на езерото да се стави во законски рамки. Минатата година, годишната програма за поставување на урбана опрема и покрај тоа што била едногласно донесена, нејзиното спроведување на дело одело многу потешко. Повеќето советници сложни околу потребата за измени на оваа програма.

И покрај добро изготвената годишна програма, урбана опрема се поставувала на локации кои не биле предвидени за тоа. „Некој си земаше за право, дали од пазарната, дали од трудовата инспекција да им даде дозвола на физички или правни лица да поставуваат урбана опрема надвор од донесената програма.“-рече советникот Станкоски.
Тој додаде дека ваквите проблеми можело да се избегнат.

„За да го избегнеме сето тоа кое што се случуваше минатата година и да ги тргнеме загубите кој што ги трпеше општина Охрид, затоа што доколку се постави негде урбана опрема надвор од програмата тоа е фактички дивопоставена опрема, и на тој начин губи локалната самоуправа, а од друга страна, некој на тоа можеби заработува.“-рече Станкоски

По кратката координација со останатите советници, беше донесена одлука да се одложи гласањето на годишната програма за поставување на урбана опрема и да се прифати предлогот на советниците од ВМРО-Народна.

„На наредната седница ќе бараме да има измени и дополнувања на програмата за поставување на урбана опрема и да предвидиме локации за поставување урбана опрема согласно законот. Локациите кои ќе значат поставување тезги за продавање ракотворби, уметнички дела, сувенири за да сето тоа што го имавме во минатото, сега да не се случува.“-додаде советникот Станкоски.
Со одредување на локации за овие диво поставени тезги долж кејот на езерото, треба да се стави крај на хаосот кој владее во текот на летниот период. Советниците на ВМРО-Народна велат дека изгласувањето на овие измени, ќе ги спречи загубите кои ги остварувала општината поради нелегалното поставување на тезги.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top