Извештаите за работата на локалната пред советниците

Работен ден за охридските советници. На денешната 30 та седница, беа усвоени извештаите за работата на секторите и одделенијата во локалната самоуправа за минатата година. Но не се помина така глатко.

 |  Татјана Маленкова  | 
sednica na Sovet
седница

sednicaРаботен ден за охридските советници. На денешната 30 та седница, беа усвоени извештаите за работата на секторите и одделенијата во локалната самоуправа за минатата година. Но не се помина така глатко. По давање зелено зветло за Предлог Одлука за измени на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 година, кај советниците спротоставени мислења околу Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на Советот на општина Охрид за 2010 година. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски забележа дека во извештајот се само ископирани дневните редови на седниците на совет. Според него во извештајот недостасуваат останатите активности на советниците.  Со дел од овие забелешки се сложи и претседавачот на советот Душко Јаковчески.
За Предлог Одлуките за усвојување на Извештаите за реализација на комунални дејности и инфаструктура  советниците повторно со различни видувања. Од СДСМ сматаа дека извештаите се во ред и дека локалната сработила многу повеќе во споредба со средствата кои им ги префрлиле од агенцијата за државни патишта, додека од ВМРО ДПМНЕ обвинуваа дека според извештаите кои им биле дадени на увид реализацијата е многу мала, или пак некаде воопшто ја нема.
На денешната седница беа усвоени и Предлог Одлуката на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води и покрај тоа што од ВМРО ДПМНЕ посочија дека во претходната година од локалната не реализирале ништо од предвиденото, или од предвидените 62 милиони и 720 денери, не било реализирано ништо.
Советниците беа едногласни и со апсолутно мнозинство беше изгалсана предлог одлуката на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување.
Се прочешлаа и изгласаа извештаите  за работењето на Одделението за даноци и комунални такси на Секторот за јавни дејности, потоа реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата, Програмата за изработка на урбанистички планови.
Советниците посебно внимание посветија на извештаите од секторот Локален Економски Развој. Советникот Џемал Рахман истакна дека треба да сме сметкододители или економисти за да го разбереме овој извештај. А Советникот Паноски јавно запраша До кога милсите да ја толерирате работата на секторот ЛЕР, кога има многу сериозни пропусти. Но и покрај забелешките советниците сепак ги изгласаа и извештаите од овој сектор.   
Усвоени беа и извештаите за работа на Територијалната противпожарна едница, како и за  состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.
На денешната седница по две одлагања конечно советниците дадоа согласност на одлуката за задолжување на ЈП “Охридски Комуналец ” Охрид со долгорочен кредит во Охридска банка АД Охрид.
На денешната 30 та седница беше дадено и зелено светло за Предлог Одлука за пренесување правото на користење врз движна ствар од oпштина Охрид на ЈП “Нискоградба Охрид”- Охрид, како и одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на процентот на учеството на ЈП ” Нискоградба Охрид” Охрид во средства за изградба на канализациони системи за одведување на урбани и отпадни води.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top