Во Охрид нема дефицитарна професија

Бројката од 10.600 невработени лица во општина Охрид е идентична со стапката на невработеност  во земјата и изнесува 32 посто. На пазарот на трудот во Охрид, вишок се сите професии.

 |  Валентина Неловска  | 
ucilishte
училиште

Пеце ПавловскиБројката од 10.600 невработени лица во општина Охрид е идентична со стапката на невработеност  во земјата и изнесува 32 посто. На пазарот на трудот во Охрид, вишок се сите професии, укажува Пеце Павловски од Агенцијата за вработување, советник на меѓуопштинскиот тим за пазар на трудот. „Суфицитарни се сите професии, ама  најбарани со ниско образование се шивачите, заварувачите, и во лето келнерите и готвачите. Со високо пак, се најбарани  информатичарите и градежните инжинери,“ објаснува Павловски.
Статистиката за Југозападниот регион на земјава, во кој меѓу неколкуте градови влегува и Охрид, покажува дека  според квалификационата структура, најголема е побарувачката на лица со средно образование, со 71 посто од вкупната побарувачка на работна сила.
Владата веќе неколку години преку  Агенциите за вработување прави обиди со прекфалификации да  ја ублажи  високата стапка на невработеност во земјава. Оваа година ќе се преквалификуваат кадри од областа на угостителството, келнери – гастрономи информира Павлоски.
Sekula BatkoskiГодишно во Охрид околу 30 келнери го завршуваат средното образование, но многу од нив понатака не бараат вработување во струката, туку работат се само не келнери. Директорот на ОСУ „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски  за ваквата можност вели подготвени сме да ја прифатиме  групата невработени лица кои сакаат преквалификација. Изготвивме програма кој
е прифатена од Министерството за образование. Прекфикацијата ќе се одржува во текот на 4 месеци, а  потоа кандидатите ќе полагаат и добијат уверение за профилот келнер – гастроном.
За оваа година, во план за реализација и на неколку нови мерки, како што е  економско јакнење на 70 жени жртви на семејно насилство во земјава. 10 од нив ќе имаат можност да се прекфаликуваат,  40 ќе можат да ја искористат формата за самовработување, а 20 од нив ќе добијат субвенции. Државата ќе им помага на лицата кои имаат  неформални бизниси  истите да ги легализираат. Пилот програма ќе има и за варботување на лица кои ќе патуваат  над 60 км од местото на живеење. Тие, еднократно, на три рати, ќе добијат субвенција од 185.000 денари.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top