Ерван Фуере и на заминување распеан и полн со емоции

Фуере се присети на времето поминато во Охрид и Струга, неговата мисија, новите пријателства. Дојде како Европски амбасадор, а заминува како почесен граѓанин на Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
fuere
фуере

Непосреден и искрен, секогаш достапен и разговорлив, Ерван Фуере го заврши својот мандат во Македонија. На прошталната забава организирана од страна на Локалната самоуправа од Охрид по повод неговото заминување, присутни беа градоначалниците на Струга и Охрид, преставници од советот на Општина Охрид, членови од здружението „Богојавление“ и охридските новинари. Тие поединечно му се заблагодарија за долгогодишната соработка и го почестија со Охридски сувенири. Фуере расположен како и секогаш, ги запеја и своите омилени охридски староградски песни.

„Јас бев длабоко почестен што ја добив слободата на градот, што станав почесен граѓанин на Охрид и ја ценам оваа чест која што ми беше укажана и не чувствувам само задоволство, туку и должност да ја пренесам пораката на градот Охрид низ Европа со цел што поголем број на луѓе да слушнат за Охрид и ова е тоа што јас ќе го направам кога ќе си заминам во Понеделник кога и заминувам следната недела и одвај чекам да се вратам овде, како пензионер и да направам се што можам за да му помогнам на ова прекрасно место.“-рече Фуере

Градскиот татко, Петрески објасни зошто му била укажана честа на амбасадорот Фуере да биде почесен граѓанин на нашиот град.

„Едноставно сите граѓани го чувствуваа како наш граѓанин и беше нормално ние по предлог на здружението „Богојавление“ и јас како градоначалник да го понудиме, а ете тој ја прифати со драго срце таа покана да биде почесен граѓанин на Охрид и тоа многу му значеше, а исто така многу ни значи и на сите нас.“-рече градоначалникот Петрески

Со своето присуство, на амбасадорот Фуере почит му оддаде и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој му ја изрецитира Т’га за југ од Константин Миладинов. Мерко направи една ретроспектива на неговата соработка со Фуере.

„Му благодариме за се што има допринесено за Струга, а има допринесено многу. Пред се во меѓуетничките, но и во меѓупартиските односи на локално ниво. Свој допринос даде и во соработката помеѓу локалната и централната власт и низ другите искуства кои ни ги пренесе со неговото работење.“-изјави Мерко

fuere

Меѓу присутните беше и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски. Тој меѓу другото ја истакна плодната соработка со амбасадорот Фуере.

Ерван Фуере на македонската сцена беше присутен нешто повеќе од 5 години, во текот на кои постојано работеше на приближување на земјава кон Европската унија. Но пред се, тој ќе биде запаметен како човек од народот, секогаш присутен меѓу луѓето, а не ретко ја покажуваше и својата музикалност и посебната љубов кон македонскиот мелос. Фуере синоќа беше испратен со неговата омилена песна “Охрид Охрид, убав мил“. Тој на заминување не рече збогум туку догледање што значи дека пак ќе дојде во Македонија и Охрид. Инаку Евроамбасадорот од Македонија заминува за Брисел на 1ви март. Планира да оди на заслужен одмор, а од 1ви јули и официјално заминува во пензија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top