Бран поскапувања ја зафати Македонија

Низа поскапувања во Македнија. Нафтените деривати, маслото, лебот, шеќерот, овошјето, зеленчукот и сите останати прехранбените производи веќе се продаваат по нова повисока цена. Дури и цената на какаото на светски стокови берзи вчера порасна за околу 19 долари што претставува највисоко ниво во последниве 32 години. Сепак најголем револт кај граѓаните предизвика новата цена на струјата.

 |  Татјана Маленкова  | 
EVN
EVN

smetkiНиза поскапувања во Македнија. Нафтените деривати, маслото, лебот, шеќерот, овошјето, зеленчукот и сите останати прехранбените производи веќе се продаваат по нова повисока цена. Дури и цената на какаото на светски стокови берзи вчера порасна за околу 19 долари што претставува највисоко ниво во последниве 32 години. Сепак најголем револт кај граѓаните предизвика новата цена на струјата.

Регулаторната комисија за енергетика цени дека новата цена на електричната енергија треба да биде повисока за 5,48 отсто. Оваа одлука беше донесена на подготвителната седница, пред два дена, а конечната одлука треба да биде соопштена во понеделник кога не е исклучено да има и мали корекции на процентот.

Од „ЕВН Македонија“ изјавуваат дека нема да ја коментираат одлука на Регилаторната Комисија за Енергетика, затоа што тие не одлучуваат за тоа дали ќе има поскапување или не.

„ЕВН работи според законските норми кои се внесени во законот за енергетика. Наша работа е пресметките за трошоците и планираните инвестиции да ги поднесеме до регулатормата комисија, а тие треба да обезбедат доволен профит да работат да инвестираат за да може тој пазар да функционира“, истакнува портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески.

Во споредба со ЕВН кои не сакаат да го кометираат зголемувањето на цената на струјата, од ЕЛЕМ јавно признаваат дека не се сосема задоволни од понуденото поскапување.

Инаку додека цените одат нагоре, платите остануваат исти. Граѓаните се повеќе се плашат дека нема да можат да спојат крај со крај во месецот.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, за декември 2010 година изнесува 12.342 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 1,1 процент.

Заплашуваат прогнозите на академиците дека трендот на поскапување не застанува тука, туку ќе продолжи и во наредниот период.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top