Луѓето најчесто не се случајни минувачи низ животот. Некој белег оставаат сега, а некој тоа го направиле во минатото. Еден од нив е охридскиот адвокат, македонскиот револицинер со напредни идеи Петре Пирузе Мајски.
Луѓето најчесто не се случајни минувачи низ животот. Некој белег оставаат сега, а некој тоа го направиле во минатото. Еден од нив е охридскиот адвокат, македонскиот револицинер со напредни идеи Петре Пирузе Мајски.
Во семејството на Сотир и Хрисанта Пирузе, во 1907 година, е роден македонскиот револуционер Петре Пирузе Мајски. Во родниот град ги поминува детските и младешките години, завршувајќи основно училиште и гимназија. Во 1926 година умира татко му и во семејството настапуваат тешки денови на економски план. Неговиот стрико само со една плата го издржувал повеќечеленото семејство, но сепак одлучуваат младиот Петре да го продолжи школувањето. Одлуката е запишување на Воено поморската академија во Дубровник, раскажува за неговиот живот, внукот Сотир Пирузе. По една година помината на Академијата како единствен македонец се почуствувал крајно маргинилизрано па се враќа во рпдниот Охрид. Негова желба е да го продолжи образованието, па заминува на студии по право во Белград заедно со охриѓанецот Крум Точко.
Младиот Петре е полн со напредни идеи и се вклучува во студенските организации, но со посебно изразено македонско национално чувство, кажува Сотир Пирузе. По завршувањето на факултетот како адвокат се враќа во родниот Охрид . Работи како адвокатски приправник во канцаларијата на Илија Коцарев. Во контактите со луѓето ги споделува нивните маки и тешкиот економски живот. Во предвечерието на 2 светска војна, во 1938 година на изборите за Сојузната скупштина на тогашна Југославија се вклучува во предизборнат кампања на митингот на земјоделската партија на Југославија, се сеќава чичко Сотир. На плоштадот во хотелотот на Андон Радич се одржува митинг на кој говори и Петре Пирузе Мајски.
Станува голем авторитет и започнува неговата поголема заинтересираност за органзирање на политичката дејност во Охрид. Со германската окупација на Југославија и на Македонија во 1941 година почнува и неговата засилена револуционерна активност. Петре Пирузе Мајски се огласува на повикот на КПЈ за борба против окупаторот, но при тоа со нагласено чувство за македонскиот национален идентите и ослободување.
Соработува со голем број македонски револуционери како Благоја Талески, Рампо Левката, Мите Богоески Киро Миљовски. Придобива и голем број луѓе од Охрид да станат комунисти. На 21 септмври во куќата на Климе Балев се формира месен комитет на КПМ за Охрид. Но, веднаш по формирањето на месниот комитет доаѓа до разоткривање на членовите на огранокот, но Пирузе успева да избега. Сепак во отсуство заедно со останатите членови е осуден на казна бесење. По долги перипетии тој се префрла на територија на Дебрца и започнува со организирање на народносослободителната дејност. Заради заштитата на населението од Дебрца, Петре Пирузе Мајски станува херој и со неговото има се поврзани многу легенди од НОБ.
Под негово раководство се регрутираат борци, се формираат партизански одреди и баталјони. Станува член на Генералниот штаб, а со негово одобрение на територијата на слободна Дебрца во 1943 година е одржан и Свештеничкиот собир во Издеглавје. Тоа е првата ќелија на Автоќефалноста на македонската православна црква. Тука е издаден и Манифестот на НОБ во чие редактирање учествувал и Мајски, а бил и член на Президиумот на Асном.
По ослободувањето се враќа во Охрид, потоа го препраќаат во Скопје како повереник на Правосудството. Но, тука започнуваат и неговите перипетии. Го анатемисуваат како националист и започнуваат да го следат, раскажува неговиот внук Сотир. Во 1945 година заедно со група интелектуалци и учесници во НОБ е испратен во Белград каде е избран за судија во Сојузниот суд, но и тука не го оставаат на мир. „Во ноември 1950 година е уапсен и пратен на Голи Оток. Никој никогаш не кажа кои се причините за тоа, вели неговиот внук Сотир. Додава до ден денес не постои правосилна пресуда нити административен правен акт за некаква антидржавна дејност“.
По враќањето од Голи Оток му е вратена одземената Партизанска споменица на која бил носител. Раскажувал за ужасните страдања и тортури кои оставиле трага врз неговиот живот. Нашата партија и државната бирокртаија не го оставија како македонец да ја доврши својата кауза вели Сотир Пирузе. По враќањето од Голи Оток бил правен советник во Сојузната ветеринарна служба во Белград. Со судни маки е прифатена неговата молба за адвокатура во Скопје. Неговиот животен пат завршува во Охрид во 1980 година. Денес еден од ретките потсетници на овој револуционер е бистата поставена пред Основниот суд во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град