Младите во училиштата стануваат се поагресивни

Агресивноста на тинејџерите се повеќе доаѓа до израз. Сведоци сме на зачестените насилни сцени во училиштата низ земјава. Притиснати од социјалните прилики, младите се повеќе проблемите ги решаваат со насилство. Прашањето е, каде да се бара одговорноста?

 |  Мишел Наумоски  | 
srednoshkolci
Средношколци

Агресивноста на тинејџерите се повеќе доаѓа до израз. Сведоци сме на зачестените насилни сцени во училиштата низ земјава. Притиснати од социјалните прилики, младите се повеќе проблемите ги решаваат со насилство. Прашањето е, каде да се бара одговорноста?

Сцени како во холивудските филмови, малолетни деца физички се пресметуваат со свои врсници, а не ретко во пресметките се употребува и ладно оружје. Најсвежи примери се инцидентите кои се случија во границите на двете средни училишта „Браќа Миладиновци“ во Драчево и „Коле Неделкоски“ во Велес каде со нож беа прободени двајца малолетници. Се наметнува прашањето од каде произлегува ваквото насилно однесување кај тинејџерите и може ли да се спречат ваквите асоцијални појави?

Сепак вината секогаш не може да се бара кај младите. Голем број од нив сеуште не ни стигнале до полнолетност, па одговорноста за нивните постапки е секогаш релативна.

pedagog„Причините и начинот на однесување на младите во училиштата или во нивната поширока општествена средина доколку е таква каква што е, е многу проблематична. Ако го решиме проблемот во училиштата, тогаш нема да го решиме проблемот на нивното насилно однесување во надворешната околина, а и таму се присутни младите.“-додаде педагогот Чанова

Социјалната гледна точка на оваа агресивност кај младите налага една поинаква реалност на нештата. На крајот на краиштата, младите не го измислиле светот во кој постојат, туку само го наследиле од повозрасните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top