Метадонската терапија се зема на државна чешма. Оваа терапија всушност претставува институционално дрогирање на наркоманите, како би се заштитило општеството од нивното криминално однесување. Во дневниот центар во Охрид се користи методата на метадонска терапија, со која пациентите постепено треба да се одвикнaт од користење на дрога. Има многу причини и факти поради кои децата посегнуваат по дрога, вели Горан Поп Марков, социјален работник во центарот за зависници од Охрид. Тој додава дека зависноста и проблемите во семејството, воспитната запуштеност во семејството, може да се рефлекртира врз детето и неговиот правилен развој, што во најмала рака може да ефектуира со влегување на детето во нарко сферата.
Марков кажа дека пристапот и лекувањето на нарко зависниците во центарот е на доброволна база. Тој посочи кој се може да ги користи нивните услуги.
Во рамките на центарот работи и стручен медицински тим од Општа болница Охрид. Др Весна Лаброска вели дека не е лесно да се работи со оваа категорија на пациенти и релевантните институции треба да вложат поголем ангажман на подобрување на состојбата на ова поле.
Зависноста кај наркоманите се детектира преку скрининг тесовите што се прават во Центарот и според тоа се одредува дозата на метадон. За тоа како делува метадонот објаснува Др Лабоска.
Метадонската терапија овозможува нормално функционирање на нарко зависниците. Без внесување на оваа суптитуција зависникот на хероин не може. Многу мал е процентот на тотална излекуваност од оваа зависност, 1 – 2% и тоа на светско ниво.
Со користење на метадонот не може да се излечи наркоманијата, туку преку таканаречената супституциона метадонска терапија се отстрануваат знаците на апстиненцијална криза.
Кај нас се користи исклучиво оваа метода на лекување иако има и други начини.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град