Што НАВИСТИНА работат граѓанските организации?

Помошни инструменти на политичките партии за остварување на своите цели или огромни перални на странски капитал?

 |  Крсте Голабовски  | 
nevladini organizacii
невладини организации

Помошни инструменти на политичките партии за остварување на своите цели или огромни перални на странски капитал?

prazna salaИли пак органи на едно современо општество кои навистина ја оправдуваат целта на своето функционирање. Како и да е, во време на евентуално предизборије, итоакако ќе си го најдат своето место и функција во општеството. За среќа бројот на организации кои се занимаваат со т.н. висока политика и кои го консумираат – овој пат, за жал – најголемиот медиумски интерес за свиоте активности, е неспоредливо помал во однос на оние организации кои им се посветени на решавање на секојдневните животни проблеми. Сунчица Саздовска од Шведскиот институт за јавна Админситрација вели дека законска рамка за контрола на функционирањето, постои, но колку овој законски инструмент може да ги стави под контрола? Што се однесува до контролата на работата на граѓанските организации станува збор за многу чувствителен процес. Имено со Измените на Законот за здруженија и фонадации донесени во 2010 година, на барање на Централниот регистар, облигаторна за сите здрженија е нивна пререгистрација. Сепак спроведувањето на оваа контрола е само за утврдување на информациите, колку од овие организации се активни, а колку се „палат“ и „гасат“ по потреба. Целта на функционирањето на најголемиот број на овие организации треба да биде помош и подобрување на квалитетот на живот пред се на обичниот човек. Но мора да признаеме дека огромни се сумите на странски капитал кои од донаторите се слеваат во овие организации. Саздовска вели дека, финансиската контрола, која донаторите ја спроведуваат и покрај се, е најзачестена. Денес во Македонија има над 9000 граѓански здруженија. И колку многу да делува нивниот број, сепак во споредба со Хрватска, лидерот во регионов по бројот на граѓански организации, ова е мала бројка. Најголемиот број од нив, над 70% е лоциран во Скопје, каде функционираат и оние најактивните. Експертите сметаат дека од нив, само 10 % пројавуваат некаква активност, а со полна пареа работат 40-тина. За сметка на тоа во руралните средини, речиси и да ги нема. Ваквата ситуација кај политичарите, граѓаните, експертите и луѓето од граѓанскиот сектор создава слика дека граѓанскитеорганизации се формираат и работат за партиски интереси на штета на граѓаните. Во оваа насока денес се одржа информативна средба на Проектот за градење на капацитет на граѓанското општество во ИПА земјите TACSO , чијашто главна цел е да се зголеми капацитетот на граѓанските организации и да се зајакне нивната улога во рамките на партиципативната демократија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top