Туристичките инспектори реагираат на обвинувањата упатени
на нивна адреса од страна на туристичките водичи од Охрид дека не си ја вршат
работата при надзор на нелегалните водичи. Ваквите тврдења се неточни вели
главниот општински инспектор Танас Танасоски. Во текот на летната сезона 2010
од туристичката инспекција биле изречени 9 манадатни казни во висина помеѓу 100
и 300 евра за српски и бугарски водичи. Во 2009 година таа бројка била за 6
опомени помала. Инспекторите направиле и
голем број записници соопмени за странски водичи кои нелегално воделе групи на
разглед во Охрид. Танасоски проблемот го
лоцира на сосема друго место. „Голем број скопски туристички водичи доаѓаат со
групи во разглед на градот за кој охридските сметаат дека се нелегални.
Но, при вршењето на контролите тие имаат
уредни лиценци. Конкуренцијата помеѓу туристичките водичи е многу голема така
од 20-тина сега бројката во Охрид е нарасната на 80.
Се очекува оваа бројка годинава да биде поголема.“
Од општинскиот инспекторат не се согласуваат со
туристичките водичи дека туристичката
полиција е најсоодветно решение за нелегалните
водичи. Танасоски смета дека напротив туристичките инспектори треба да
добијат поголеми надлежности при инспекцискиот надзор за решавање на овие
проблеми. Тоа значи поголеми овластувања при изрекување санкции и глоби.
Решенито на проблемот со нелегалните туристички водичи за
Танасоски е во формирањето на Второ степена Комисија при Локалната самоуправа.
Проблемот е на локално ниво, а според Танасоски комисијата која постои при Министерството за
економија не е доволно заинтересирана за решавање на проблемите. Досега се
случувало нивни барања за покренување на
прекршочни постапки Комисијата да нема интерес да ги реши.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град