-Се средуваат патеките „Орлова“ и „Езерино“ и има доволно снег, изјави претседателот на Организациски одбор на оваа традиционална спортска манифестација, Димитар Танурков.
Покрај учесниците од Македонија, засега учество потврдиле околу 40 натпреварувачи од шест држави – Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Шведска и Словачка, меѓу кои има и скијачи со добар број на ФИС-поени.
Претседател на Одборот на трките и оваа година ќе биде прославениот словенечки скијач, Бојан Крижај, кој како и секогаш, ќе придонесе за професионална подготовка на патеките.
Следната сабота ќе се вози слаломската трка, а во недела велеслаломот. Севкупниот победник ќе биде награден меѓу другото и со заштитниот знак на Шарпланинскиот куп – куче шарпланинец, најави Танурков.
Тој соопшти дека во четврток ќе се затвори листата на натпреварувачи на ова издание на Шарпланинскиот куп. Покровител на манифестацијата е премиерот Никола Груевски.
38-миот традиционален Шарпланински Куп, претставува најелитно и најстаро интернационално зимско скијачко натпреварување во Македонија, а ќе се одржи на 25-27.02.2011 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град