Политичките партии ја прифаќаат фрлената ракавица на Груевски

Најновите политички случувања во земјава се резултат на новите ветришта кои од Вашингтон ги донесе премиерот Груевски по враќањето од Америка.

 |  Татјана Маленкова  | 
glasanje
гласање

Најновите политички случувања во земјава се резултат на новите ветришта кои од Вашингтон ги донесе премиерот Груевски по враќањето од Америка. И покрај тоа што на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ пред две недели во Охрид, партијата  беше со став  дека предвремени избори барем засега нема да има, затоа шти како парија се задоволни од досегашната политика во водењето на државава,  сепак како што и тогаш ТВМ  навести дека по враќањето на премиерот ќе дувнат нови ветришта.
Неколку дена по враќањето на премиерот од Вашингтон, јавно ги повика политички партии да се  произнасат по предлогот за предвремени парламентарни избори.

vmro-npСе чини дека партиите не чекаа многу. ВМРО НП на пресс конференција од Охрид истакна дека прифаќа предвремени избори. Претседателот на партијата Марјан Додевски истакна дека избори се најдоброто решение за Р Македонија.  Претседателот на ВМРО НП потребата од предвремени избори ја поткрепи со ставот дека социјалната и економската состојба во државава никогаш не била толку лоша. Како никогаш досега не сме биле толку меѓународно изолирани, вели Додевски и додава: „Се движиме во тенка линија на безбедносната состојба. Сите предуслови за предвремени избори се исполнети“.
Како политичка партија убедени сме дека на следниве избори  ќе се позиционираме како силен трет политички субјет во македонскиот политички блок. ВМРО НП е гарант на демократијата, демократските процеси и вистинскиот балансиер на политичкото живеење во Р Македонија и на идната влада, истакна претседателот на ВМРП НП.

„ВМРО НП го прифаќа предлогот на престседателот на владата и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, за предвремени  парламентарни избори. Како политичка партија сме подготвени за избори и упатуваме јавен повик до сите политички субјети отворено да го прифатат предлогот и сите заедно да одиме на предвремени парламентарни избори“, истакна престедателот на ВМРО НП Додевски.

sdsmЗа разлика од ВМРО НП, СДСМ не успааја да се организираат за пресс конференција. Тие најавата за предвремени избори ја дочекаа еуфорични и со прослава, напрво пред седиштето на партијата, а потоа и по Охридските улици.
Прославата започна по официјалното обраќање на  Лидерот на СДСМ , Бранко Црвенковски на која го соопшти партискиот став на повикот на премиерот Груевски да се распишат предвремени избори.
„Ја поздравувам Вашата одлука конечно да се одважите, да соберете храброст и да го прифатите нашето барање за предвремени парламентарни избори, истакна на пресс конференција лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

И партијата на обединети демократи на Македонија Подем ја поздравија оваа одлука на премирот. Во дописот кој го испратија уште стои дека Подем е подготвена и со нетрпение ги очекува истите.
Предизвикот за предвремени парламентарни избори, го прифатија и од  Обединети за Македонија
“Конечно и Груевски го послуша гласот на народот. Иако и зад овој негов повик за избори не стои искрена намера за фер соочување туку обид за изборна измама и освојување на уште еден мандат“, изјави денеска претседателот на Обединети за Македонија, Бошкоски.

Ако денот се познава по утрото, тогаш со сигурнот може да кажеме дека не очекува жестока предизборна кампања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top