Водата во Охрид, добра

Квалитетот на водата во градските чешми и изворот „Студенчишта“ е добар, покажуваат последните анализи од примероците земени од страна на Центарот за јавно здравје.

 |  Крсте Голабовски  | 
bromolog
бромолог

Задоволителен квалитетот на водата од јавните чешми и изворот „Студенчишта.“ Резултатите од последната направена физичко-хемиска и микробилошка анализа од претходната недела, спроведени од страна на екипите на Центарот за јавно здравје, покажуваат вода со добар квалитет, вели Сашо Точко од ЦЈЗ.

„Значи од јануари месец од почетокот на оваа година имавме земени 7 примероци на вода од кои сите беа со добар квалитет, без никаква бактерија и без никакво загадување, секако зборувам и за изворот „Студенчишта“.

Што се однесува до квалитетот на водата во селските водоводи, Точко информира дека проверка на истите се спроведува секој месец, како во Охрид, така и во општина Дебрца. Посебно задволува квалитетот на водата од водоводите со кои стопанисува МЈП „Проаква“, вели Точко. НО сепак кај останатите оже да се примети дека не доволно се користат средствата за дезинфекција.

Biljanini izvoriСеуште не задоволува квалитетот на водата од изворот кај Света Петка и на дел од чешмите во комплексот Свети Наум. Се очекува да се подобри сликата, сега кога се изградени пречистителните станици кај ресторанот „Острово“, како и пречистителната станица кај хотелот Маркони и ресторанот, која од минатото лето е во функција, велат од од Одделението за инспекциски надзор. Оттаму додаваат дека единствено немаат повратна информација од Министерството за одбрана, после издадениот налог за санација на делови од канализациониот систем на воениот камп, посочен како еден од загадувачите на водата во овој регион.

„Во пролетните месеци ќе почнеме со анализи на површинските води каде ќе ги вклучиме и оние кај Св. Наум“, дециден е Точко.

Последните микро-билошки и физички анализи на водата пак од Охридското Езеро, направени на 19-ти јануари годинава, говорат дека водата во езерото е од прва и втора категорија и содржи големо количество на кислород. Секако дека понатамошното топење на снегот ќе влијае на нејзиниот квалитет во периодот кој е пред нас, велат од ЦЗЈ од Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top