Претставници на народниот правобранител во Вевчани. „Напредување на соработката на Централната власт и Локалната самоуправа со народниот правобранител“ е главната цел поради која на тркалезна маса седнаа претставниците на народниот правобранител како и претставници на надлежните институции од оваа општина. Градоначалникот Перо Илиески, како домаќин рече дека присуството на народниот правобранител во неговата општиина е мошне значајно.
Заменикот на народниот правобранител, Даут Селман, рече дека многу малку луѓето од руралните средини се зпознати со носечката улога која народниот правобранител е има и која е услугата која можат да ја добијат од него.
Селман истакна дека состојбата во сферата на нивниот домен на работа во Вевчани е на завидно ниво, во споредба со останатите рурални средини во регионот што го покриваат. Најмногу преставки има во руралните средини со мешан национален состав, додава тој.
На тркалезната маса за улогата и надлежностите на Институцијата Народен правобранител зборуваше Трипун Танушески заменик правобранител. Инаку оваа тркалезна маса е во организација на Народниот правобранител потпомогната од ОБСЕ и Шведската агенција за развој СИДА. На тркалезната маса според најавите на градоначалникот Илиески требаше да присуствува главниот народен правобранител Иџет Мемети, кој отсуствувал од оправдани причини.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град