Информирајте се за ракот на грлото на матката

Подигнување на свеста кај македонките за опасностите кои ги носи ракот на грлото на матката. Ова е основната идеја на Здружението за борба против ракот -„Борка“.

 |  Мишел Наумоски  | 
pregled
преглед

pregledПодигнување на свеста кај македонките за опасностите кои ги носи ракот на грлото на матката. Ова е основната идеја на Здружението за борба против ракот -„Борка“. Отаму спроведуваат едукативни сесии низ земјава за оваа болест која одзема голем број на животи.

Првиот чекор во одбрана против ракот на грлото на матката е спознавањето на самата болест. Подигнувањето на свеста, пред се кај жените и младите девојки е една од најдобрите превентивни мерки. Здружението за борба против ракот-„Борка“ од 10 до 17 Февруари одржува едукативни сесии за оваа болест во неколку градови низ Македонија. Така утре во Големата сала во Општинската зграда во Охрид во 18 часот ќе се одржи последното во редот едукативни предавања. Ракот на грлото на матката е петти по смртност рак кај жените. Во нашата земја повеќе од 200 жени годишно заболуваат од оваа болест, од кои повеќе од половина умираат. Ракот на грлото на матката е единствен тип на рак кој може да се открие во предракова форма оттука многу е важно неговото навремено откривање. Примање на ХПВ вакцина, редовни гинеколошки прегледи и правење ПАП тестови се добар начин да ја сопрете оваа болест.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top