КУД Филиграни ја негува традицијата

Кога се сака, се се може! Ансамблот „Филиграни“ полека прераснува во бисер на македонскиот фолклор.

 |  Мишел Наумоски  | 
kud
куд Филиграни

Кога се сака, се се може! Ансамблот „Филиграни“ полека прераснува во бисер на македонскиот фолклор. Иако постои кратко време, ова културно-уметничко друштво располага со богат репертоар. За годинава од „Филиграни“ најавуваат и бројни учества на домашни, но и меѓународни фестивали.

Љубовта кон македонското оро никогаш не замира. Колку е поголем бројот на културно-уметнички друштва, толку полесно се негува традицијата. Доказ за ова е Ансамблот „Филиграни“. Ова културно-уметничко друштво иако постои само нешто повеќе од година дена, покажува зрелост и огромна посветеност во работењето. Со репертоарот со кој располага и кој постојано го надоградува најавуваат голем број гостувања надвор од земјата. Само минатата година учествувале на 4 фестивали во Бугарија и во Србија, а за оваа година „Филиграни“ имаат уште поамбициозни планови.

„Во моментов друштвото брои преку 120 членови, распоредени во 3 групи. Пионерски состав на возраст од 5 до 10 години, вториот состав е од 12 до 14 години и првиот состав кој е концертно подготвен исто како и вториот со неограничена возраст, најчесто средношколци со одредени особини, висина, квалитет, редовност и дисциплина.“- изјави Зоран Тодороски-кореограф на КУД Филиграни

KUD FiligraniСвоите проби друштвото ги одржува во салата на ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во два термини. Во вторник пробите започнуваат од 19 часот и 30 минути, додека во сабота истите се одржуваат во 17 часот. „Филиграни“ постојано го збогатуваат својот репертоар со нови ора, но најавуваат и други новини.

Моментално работиме на неколку македонски сплетови и ора. Меѓутоа ние планираме во рамките на нашиот ансамбл да воведиме една новина односно да работиме и на интернационална програма, односно планирано е сега во најскоро време да поставиме еден сплет на народни песни и ора од Србија во соработка со нашите пријатели од друштвото „Абрашевиќ“ од Крагуевац.-додаде раководителот на друштвото-Илче Ѓорески

Покрај со ова друштво, „Филиграни“ преговарале и со едно КУД од Москва кое требало да испрати и кореограф кој ќе помогне во проширување на нивниот репертоар и со неколку руски народни игри. Ансамблот „Филиграни“ од 1ви до 5ти јули оваа година ќе го организира и најголемиот фестивал на игри од Балканот-„Разиграно оро“ на кое досега потврдиле учество околу 1200 учесници од 10 европски земји. Интерес  за фестивалот, пројавило и едно друштво од Африканската држава Гана.

„Филиграни“ се отворено друштво и ги покануваат сите заљубеници во македонската народна игра и песна, да им се придружат и да ги изучуваат македонските ора и секако да го покажат својот талент.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top