Стопирана изградбата на сервисниот центар во локалната самоуправа

Локалната самоуправа доби судско решение со кое се стопира изградбата на сервисниот центар. Петрески смета дека причината за ваквиот чекор е политичка.

 |  Лионела Јаковлева  | 
opstina Ohrid
opstina Ohrid

Стопирана изградбата на сервисниот центар во локалната самоуправа. Со судско решение се забрануваат понатамошни градежни зафати.  До ваквата одлука дојде откога ПЕ на Министерството за правда пред речиси еден месец поднесе тужба против локалната за вознемирување на сопственост.

За градоначалникот на Охрид ова е политичка одлука.

„Со ова просторно  проширување од  63 метри квадратни најмногу добиваат граѓаните, вели Петрески. Тука тие  ќе можат да добиваат информации за работењето на локалната самоуправа, па не знам зошто тоа некому му пречи“, додава градоначалникот.

opstina OhridПетрески вели дека општината побарала од владата да го трансформира земјиштето од државно во општинско но сеуште процедурата не е завршена. Тој објаснува дека ќе ја почитуваат судската одлука, и ќе ги стопираат градежните работи од надворешниот дел, а внатре продолжуваат со интервенции.

Инаку покрај овој сервисен центар во Охрид  предвидена е изградба и на два дополнителни, еден во Пештани, а друг во Косел. Проектот чини 60.000 евра и е финансиран од страна на европската  агенција за реконструкција.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top