Лавина обвинувања од О.К. на Вмро-Дпмне од Охрид упатени на адреса на Локаната. Јасна е разликата помеѓу активностите кои ги преземаат од Вмро-Дпмне и активностите кои ги презема или не локалната самоуправа на СДСМ, вели Претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Паднаа обивнувања до локалната за несовесно работење во комуналната сфера, здравството и секако културата.
„Додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на инвестиции во културата во Охрид, локалната самоуправа на СДСМ преку својот ЛЕР го корумпира економскиот и туристичкиот развој на Охрид.Додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ основа Професионален Театар во Охрид, локалната самоуправа и СДСМ предводени од едноставно кажано Митре незнае да напише ни обичен конкурентен проект од Културата“, вели Михаилов.
Претседателот Михаилов ги обвини и Јавните претрпијатија на локално ниво, како Комуналец, дека крадат од своите вработени. Не изостанаа ниту обвинувањата во врска со урбанизмот. Михаилов кажа дека додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестирала во изградба на социјални станови во Охрид, локалната самоуправа и СДСМ урбано и градежно го масакрирала Охрид и си изгради станови за себе. Михаилов прозбори и за соопштението на Локалната за наводното непоканување на Градоначалникот Петрески на отворањето на Железничка.
„Ноторна лага, и градоначалникот на дебрца и на Охрид беа службено поканети и на отворањето на „Железничка“ и на отоворањето на патот во Оровник, потенцира претседателот на О.К.
Нa денешната пресконференција претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ продискутира и за должничките сосотојби на општина Охрид, предизвикани од 6 годишното владеење на Градоначалник од СДСМ. Михаилов додаде дека Локалната продолжува да го задолжува Охрид за да ги спаси личните долгови и интереси на неколкумина.
„Последните пресметки и направени анализи укажуваат дека општината има 5 милиони евра нов долг, истакна Михаилов.
Претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ ги потенцира заложбите на актуелната влада за промовирање на Охрид во светот, отворање на професионален театар, залагањата за намалување на давачките за гробарина, како и пуштањето во употреба на социјалните станови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град