Дали партискиот дрес на ВМРО Народна ќе го облече градоначалникот на Вевчани, Перо Илиески? Деновиве се повеќе се шират гласините дека актуелниот градоначалник од владеачката ВМРО – ДПМНЕ на „Држава Вевчани“ е во преговори за преминување во ВМРО – НП.
Моменталната еуфорија и гласини за масовно прелевање на членство од владејачката ВМРО – ДПМНЕ, во Обединети за Македонија, деновиве се почуствуваа и слушнаа и во Струшкиот регион. Имено се повеќе во малата „Држава Вевчани“ се шушка дека голема група партиски војници на ВМРО – ДПМНЕ заедно со актуелниот градоначалник Перо Илиевски, се подготвуваат да пристапат во ВМРО НП. Градоначалникот Илиески во телефонска изјава за ТВМ, рече дека овие два дена бил службено отсутен во Скопје, а кога ќе се врати ќе даде изјава во врска сите коментари кои деновиве се пласираа во јавноста. Додека пак од ОО на ВМРО НП од Вевчани, претседателот Анѓелко Пешиноски, во врска најновите гласини за прелевање на членството, кратко во телефонска изјава рече дека имале добра соработка со градоначалникот Илиески, но ништо конкретно не биле договорени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град