Слободни има уште 122 места. Најголем интерес, идните студенти, покажуваат за насоките осигурување и безбедност и финансиска контрола.
Денес започна вториот уписен рок на универзитетите во земјава.
На охридскиот Факултет за туризам и угостителство по завршувањето на првиот уписен рок, останаа празни уште 122 места.
Најголем интерес, идните академски граѓани, покажале за насоките осигурување, туризам и за од минатата година воведената насока- безбедност и финансиска контрола.
„На насоката Осигурување се изучуваат голем број економски предмети, па така по завршувањето дипломираните студенти може да најдат вработување во банка, осигурителни друштва, да работаат како брокери“, вели проф. Цветко Андреевски.
„Новата насока- безбедност и финансиска контрола, пак е особено актуелна меѓу студентите“ .
Од Факултетот за туризам и угостителство потенцираат дека во оваа образовна институција не се врши пречекорување на однапред утврдените квоти за упис на студенти во новата учебна година.
Од вкупно 122- те слободни места, за редовно студирање се 37, а за вонредно 85. Слободни места на насоката осигурување нема. Резултатите од вториот уписен рок ќе бидат познати на 22 септември.
Во првиот уписен рок, на овој факултет се запишале вкупно 398 кандидати.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град