ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ НЕМА! Барем засега…

Целата политичка јавност вечерва очекуваше разрешување на дилемата “ќе има ли вонредни избори“.

 |   | 
избори
избори

Целата политичка јавност вечерва очекуваше разрешување на дилемата “ќе има ли вонредни избори“. Но, по се изгледа неизвесноста останува и понатаму. На вечерашниов состанок на Централниот  комитет на ВМРО ДПМНЕ, кој заврши пред еден час, ТВМ дознава дека е завземен  став да се продолжи со досегашната политика во водењто на државата.

Составот на Централниот комитет бил информиран за актуелните случувања во земјава, а во врска со прашањето за вонредни избори ситуацијата е status quo. Будно ќе се следеле настаните во државава, како и однесувањето на опозицијата и доколку биде потребно, на идните состаноци на управните органи на партијата може да се донесе и одлука за предвремени избори, брифираат високи политички функционери.
Следен битен момент за Македонија е посетата на премиерот Груевски на Вашингтон, наредната среда. Ќе донесе ли нови ветришта Груевски од Соединетите Aмерикански Држави или навистина ќе продолжи досегашната политика во водењето на државава, ќе се знае по неговото враќање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top