Реконструкција на настанот „Пливалиште“, Струга

Адвокатите на обвинетите побараа реконструкција, поради забелешки во врска претходно извршеното вештачење.

 |  Билјана Николоска  | 
sud
суд

Очи в очи сведокот Емил Попоски, еден од сопствениците на Кафе барот „Пливалиште“ Струга, со еден од обвинетите Гоце Јанески. Денеска на продолжението од претресот за немилиот настан кој се случи на 11 септември минатата година во кој од струен удар загинаа тројца стружани, беше сослушан сведокот Емил Попоски. Во неговите искази на сведочењето, се посомнева бранителот на обвинетиот Јанески, Димитрија Цобоски поради што побара соочување.

Адвокатот на Вранишкоски Цвете, Воислав Димоски рече дека добро е што наишле на разбирање од страна на судскиот совет и нивните забелешки за вештачењето за овој случај биле прифатени.

shankГлавниот претрес за спорниот шанк на Пливалиште Струга, кој одзеде три животи поради несоодветна електрична инсталација, добива поголем замав. Судијата кој го води овој претрес Живко Ангелески , прифати голем дел од забелешките на адвокатите и на застапникот на обвинителството, Никола Неделковски. Повикани се на распит уште неколку сведоци, меѓу кои Васко Попоски и Љупчо Симакоски сопственици на кафе барот „Пливалиште“, Струга, Цветкоски Маријан, Анастас Дејкоски, Костадин Донев. Исто така прифатено е од страна на судијата Ангелески да се направи непосредна средба со вештакот за овој случај, со Милан Чундев, во присуство на бранителите и на обвинетите и на оштетените. На распит треба да дојде и претставник од електродистрибуција Струга, кој треба да појасни кој се имал пристап до струјното орманче што во моментов е вреден и единствен доказен материјал за големата трагедија. Беше побаран и извештај од страна на Министерството за економија, од пазарниот инспекторат, да се види решението со кое се потврдуваат минимум техничките услови за овој објект. Инаку, сведокот Емил Попоски, категоричен беше дека не постои никаков договор ниту усмен ниту писмен со обвинетите за наплата на надомест за користење на шанк и комуналните трошоци и дека за тоа досега не зел никакви средства. Исто така Попоски рече дека обвинетите направиле присилно влегување без дозвола на шанкот, а имало и физичка пресметка меѓу нив така што се здобил со пукната аркада. На Попоски не му било познато како спорниот шанк се снабдувал со струја, но рече дека знае дека постоел подземен електричен кабел уште од 1990 кога тој во тоа време држел шанк. Кабелот бил поврзан со главното орманче за струја. Неговиот кафе бар се снабдувал со струја на ново инсталирана инсталација од главниот орман со посебно броило. На 11 септември минатата година на спорниот шанк на Пливалиште Струга, настрадаа Кире Ѓоргоноски, Јосиф Докоски и Јонче Кувенџиески.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top