Безбедност и здравје на вработените, обврска на работодавците

За жал кај нас сеуште има лица кои ги загубиле животите на своите работни места како и лица со професионални заболувања.

 |  Крсте Голабовски  | 
zashtita na rab.
заштита на работа

СТОЛАР СИ ГИ ИСЕКОЛ ПРСТИТЕ , ЗАГИНА ТРАКТОРИСТ , РАБОТНИК ПОВРЕДЕН ПРИ ОДРОН НА ЗЕМЈА , ПОВРЕДЕН ПОЖАРНИКАР, РАБОТНИК ПОВРЕДЕН ВО ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА се само некои од насловите кои секојдневно ги пренесуваат медиумите, а ја пресликуваат поразувачката слика која се однесува на безбедноста на работа. Безбедноста и здравјето на вработените претставува не само законска обврска, туку и суштинска потреба за подобрување на продуктивноста и економскиот прогрес на секоја фирма.Од Македонското здружение за заштита при работа, потенцираат дека мора да се воспостави комуникација помеѓу сите системи кои се занимаваат со оваа проблематика. Ситуацијата е алармантна вели Милан Петковски, претседател на МЗЗПР.

konferencija

Безбедноста и здравјето на вработените истовремено значи и можност за восопоставување на рамнотежа помеѓу економскиот интерeс, продуктивноста, здравјето и работоспособноста на вработената популација.Во нашата земја со оваа проблематика се занимаваат голем број на независни системи, почнувајќи од приватни фирми, државните инспекторати, па се до лекарите по трудова медицина. Она што треба под итно да се преземе е нивна координирана комуникација, потенцира Петковски. Што се однесува до градежништвото, тоа само по себе поради специфичноста на производството, е дејност во која најчесто постои можност за настанување на повреди и тоа од оние со најтешки последици. Работодавците кои секогаш тежнеат кон побрза заработка вообичаено со импровизарани мерки за заштита при работа се обидуваат поевтино и побрзо да ја одработат работата, а обврските спрема работниците ги занемаруваат. Поради тоа во оваа дејност и настануваат најголемиот број на несреќи. Од Државниот инспекторат за труд пак велат дека редовно вршат инспекциски надзори, со цел превенцијата да биде застапена кај работодавците, во однос на тоа работниците да имаат поголема заштита на своите работни места.

За таа цел до работодавците се дистрибуираат чек листи во кои работодавците може да видат кои услови ги исполниле, а кои треба дополнително да ги исполнат а се однесуваат на безбедноста на работа, вели Јовановски.Инаку денес и утре во Струга се одржува првата Меѓународна конференција за системи за управување со БЗР.  Конференцијата е во организација на Македонското здружение за заштита при работа и Државниот инспекторат за труд. Целта на конференцијата е да се запознае пошироката јавност со системите за безбедност  и здравје при работа, поточно со управување на безбедноста при работа. На конференцијата учество ќе земат и претставници на институтите за заштита на труд од Полска, и Обединетото кралство, Европската агенција за здравје при работа и други.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top