Кониковското Евангелие е најстар запис на народен македонски јазик печатен во 1852 година во Солун.
Името го добива по редакторот на текстот, Павле Божингропски од селото Кониково, Воденско. Ова значајно откритие е пронајдено во Александриската патријаршиска библиотека, од страна на финскиот професор Јоуко Линдстет, специјалист по Грчки јазик, кој ја увидел јазичната разлика.
Кониковското Евангелие дава сигнал, дека имало движење да се пишува на македонски јазик што се зборувал на територијата на Грција, во тогашната Отоманска империја, вели добриот познавач на македоснкиот јазик и историја, американскиот славист, Проф. Д-р Виктор Фридман.
Од откривањето на Кониковското Евангелие во 2003 година до денес, изминаа пет години, а експертите велат дека за излегување на научна книга треба време. Излегувањето на книгата го остварија финска и македонска научна екипа под раководство на Проф. Д-р Јоуко Линдстет од Финска и Проф.Д-р Људмил Спасов од Македонија.
Кониковското Евангелие е промовирано и е подарок за 14-от меѓународен славистички конгрес што се одржува во Охрид, а се совпаѓа со годината на македонскиот јазик. Делото го издаде Финската академија на науките и уметностите, со помош на македонистите од Катедрата по македонски јазик на Универзитетот Св.Кирил и Методиј и со огромна подршка на волонтерите од „Виножито“.
Македонското министерство за наука, не му одобрило на македонскиот научен тим 6000 евра, потребни за истаржување на ова многу значајно дело за македонскиот идентитет.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град