Продолжуваат кражбите на иконите во струшко

Две и пол години, струшкиот регион во континуитет е мета на провали и кражби на нашето карактеристично културно наследство, иконите.

 |  Крсте Голабовски  | 

Ако во изминатиот период мета на крадците беа иконите од црквите во руралните средини, пред два дена крадците направија крајно изненадувачки потег и ги осквернавија храмот Св. Ѓоргија и Музејот  Др. Никола Незлобински, кои се наоѓаат во самото срце на Струга. Директорот на Музејот, Сашо Цветкоски вели дека ситуацијата е сериозна. Тој потенцира дека како установа, од нивна страна се направени сите обиди во сферата на заштита на овие сахрални предмети, но дека вистинската надлежност за нивната заштита е во рацете на Заводите за заштита на споменици на културата. Потребна е итна и координирана акција помеѓу органите на СВР, Управата за заштитна на културно наследство, МПЦ и Н.У музеј за изнаоѓање итно решение на овој сериозен проблем. Дисперизраноста на културно-историските и  археолошките музејски експонати е основниот проблем кога станува збор за нивно безбедно чување.

Од ресорното Министерство, па се до органите на Локалната, сите овие институции треба да бидат вклучени во обезбедувањето на еден интегрален објект, заштитен и чуван со сите параметри, во кој ќе бидат сместени сите археолошки и културно-историски артефакти, кои моментално се дисперзирани на 4-5 локации, дециден е Цветкоски. Што се однесува до последниот вандалски чин, кој пред два дена се случи во срцето на Струга, Цветкоски ги демантира информациите кои се појавија во петокот во некои од медиумите дека се обиени депото и галеријата.

Sasho CvetkoskiДиректорот Цветкоски додава, деталите за тоа што е однесено ги дознале вчера, а во интерес на вистината, со детални информации ќе излезат наредните денови, бидејќи истрагата сеуште трае, а екипите од крим техника сеуште работат. Што се однесува до музејот, Цветкоски повтори дека е украдена само дел од фотоопремата и направена е значителна материјална штета, но селекцијата на највредните експонати е за среќа безбедна и се наоѓа во сеф во една од банките во Струга. Да се надеваме дека релевенатните институции способни да преземат конкретни чекори, час побргу ќе се консолидираат и координираат во своите напори во борбата со овој навистина голем проблем, зошто ако крадците се обиделе да однесат икони од црква која се наоѓа во центарот на градот, кој може да ни гарантира дека во денешно време и со вакви дрски крадци и банкарските сефови се сигурни?

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top