Втора кражба во просториите на рекреативниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“.
Втор вандалски чин во рекреативниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“. Во првиот случај мета на крадците беа инвалидските колички, за да овој пат, од просториите на ова здружение, крадците однесат техничка роба во вредност од околу осумдесет илјади денари. Од центарот згрозени.
„Срамота е и не знам како луѓето се осудија да крадт од центар за лица со интелектуална попреченост. Првиот пат беа украдени колички и не знам кому би му затребале и не ни сакам на некој да му затребаат, револтирано вели Анита.
Гагоска информира дека најверојатно крадците насилно влегле преку еден од прозорците и однеле три лап-топ компјутери, четири дигитални фотоапарати и еден адаптер. Се обиделе да однесат и некој од персоналните компјутери, но неуспеале. Гагоска потенцира дека крајно време е, објектот да се обезбеди. Апелира до Локалната да им помогне во физичко обезбедување на нивните простории.
„Ние сакаме да има чувар тука, но финансиски не можеме да си го дозволиме тоа, па еве еден апел до СВР, да има поглеми контроли, и од Локалната да ни отстапат еден од нивните чувари за обезбедување на просториите, вели Анита.
Од СВР потврдија дека се запознаени со случајот, а деталите ќе ги соопштат после расветлување на истиот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град