На градскиот плоштад во Охрид се симулираа вежби за укажување прва помош при различни ситуации. На ваков начин се одбележа Светскиот ден на прва помош.
Светскиот ден на прва помош одбележан во Охрид. Под мотото „ Првата помош спасува живот“ волонтерите на Црвениот крст на градскиот плоштад симулираа најразлични ситуации каде има потреба од укажување прва помош.
Денес за прв пат се воведе и една новина при одбележувањето на Светскиот ден на првата помош. Заедно со сообраќајната полиција при СВР Охрид беше спроведена симулациона вежба на давање прва помош при повреди во сообраќајна незгода.
Инаку овој ден со различни активности се одбележува во уште 200 земји од светот. Екипа од Црвениот крст од Охрид составена од четворица млади волонтери престојува во Риека каде ќе презентира давање прва помош во специјални услови.
Сашо Точков, претседастелот на Црвениот крст вели дека Охрид во ниту еден сегмент не заостанува од останатите светски ограноци од оваа хуманитарна организација.
Денес беше организирана и крводарителска акција помогната од спортската обложувалница Премиер која на еден од крводароителите ќе му подари ЦД плеер.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град