Укинати одредби од Законот за градење

Уставниот суд пресече. На денешната седница на Уставниот суд,  укинати 4 члена од Законот за просторно и урбанистичко планирање, кои се однесуваат на уредување на простор, поради оценка на судот, дека постои двоен режим.

 |  Билјана Николовска  | 

Ќе се гради, но како. Охридската јавност, од ден на ден во исчекување што ќе никне на неколкуте фиксирани простори во градов. Еден од поинтересните за нив е просторот кој се наоѓа  во непосредна близина на мучкото училиште.
Ставот на Локалната самоуправа посебно за овој простор е јасен. Портпаролот на општина Охрид Симон Илиевски, рече дека во Локалната надлежните служби на барање на инвеститорот, имаат издадено извод од урбанистички план, односно од Локалната планска урбанистичка документација.


За десетина дена точно ќе се знае на каков принцип ќе се гради. На денешната седница на Уставниот Суд укинати се 4 члена од Законот за просторно и урбанистичко уредување, кој се однесуваа на уредување на просторот. Причина за ваквата одлука е оценката на Уставниот суд дека постои двоен режим, рече во телефонски разговор портпаролот на Уставен суд на Р.Македонија Југослав Миленковиќ. Тој појасни Укинувањето е затоа што Судот утврдил оти на ваков начин се воспоставува паралелен систем на урбанистичко планирање или два различни системи на планирање. Притоа, со овие државни и локални урбанистички и плански документи се излегува во пресрет на едни граѓани без да се информираат и вклучат и други граѓани што е предвидено при носењето на деталните урбанистички планови. Во таквата состојба не се овозможува хуманизам при уредување на просторот како темелна вредност на уставниот поредок и се создава правна несигурност со што се доведува во прашање темелната вредност владеење на правото.

Оваа одлука на Уставниот суд стапува на сила после десетина дена, а до тогаш важи привремената мерка за забрана на градба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top