Никако да се спојат коцките од мозаикот за разрешница на случајот со глисерската незгода. Повеќе од јасно е дека овој судски спор премногу се одолговлекува. После првиот претрес за глисерската незгода, која се случи на 22.08.2009 во водите на Охридското езеро, во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, следуваат три одлагања на главниот претрес и сите поради неприсуство на некој од главните носители на овој настан. Овој пат неприсуството на Емил Балабан, адвокатот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше главна причина поради која се одложи рочиштето. Судијата на овој спор Милчо Клишески, кажа дека од страна на Балабан, уредно биле писмено известени дека неговото отсуствува е поради неодложни обврски во Основниот суд 1 во Скопје каде застапувал притворенички предмети. На претресот за глисерската незгода кој што требаше да се одржи денес беа присутни обвинетиот Христијан Шапкар, како и 5 сведоци Ивана Шапкар, Благоја Дамчески, Сиљан Петкоски, Ѓоко Крстески и Алан Каоу. Не се јавил сведокот од Скопје Жарко Лукоски, за кој судот го задолжил СВР да му ја врачи поканата.
Останува мистерија какви биле временските услови на денот на несреќата, бидејќи судијата Клушески и покрај уредно испратеното барање до Управата за хидрометеоролошки работи, до Бирото за метеорологија при Министерството за економија и до Природно математичкиот факултет во Скопје сеуште нема извештај за тоа. Се наметнува прашањето зошто релевантните институции молчат и дали со тоа бегаат од одговоност. Останува времето да покаже. Судијата Клишески на денешното рочиште предупреди дека доколку во иднина се случуваат вакви преклопувања, бранителот ќе треба да назначи заменик како не би се одолговлекувала повеќе постапката.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град