84 домаќинства останаа без социјална парична помош

По завршувањето на годишната обнова на документацијата за добивање на социјална помош, во Охрид, 84 домакинства го изгубиле правото на ваква помош. Причината е  поради неподнесување на документи за обнова на истата документација, велат од центарот.

 |  Татјана Маленкова  | 
Centar za socijalni raboti
Центар за социјални работи

Centar za socijalni rabotiПо завршувањето на годишната обнова на документацијата за добивање на социјална помош, во Охрид, 84 домакинства го изгубиле правото на ваква помош. Причината е  поради неподнесување на документи за обнова на истата документација, велат од центарот. Но, не само овие семејства, социјалната помош одредени корисници ја имаат изгубено и по друг основ. Во моментов се води судски спор со 52 корисници кои додека примале парична помош од државата, истовремено заработувале и од друго место.

„ Како што вели Законот за социјална заштита, корисниците не пријавиле промена на матријалната состојба и истите се должни незаконски стекнатите пари да ги вратат назад. Од страна на центарот истите лица се повикуваат и доколку не се согласат на спогодбен начин да ги вратат парите се поднесува тужба до надлежниот суд“, вели раководител на одделението за социјална парична помош, Билјана Наумоска.  

Наумоска додава дека центарот води судскиот спор со корисници кои одреден врменски период работеле сезонски, а приходот согласно законот за социјална заштита, не го пријавиле во центарот.  Таа додава дека според законот доколку корисник на социјална помош пријави дека работи сезонски, на истиот правото за помош му мирува. Раководителот на одделението за социјална парична помош  додава дека многу е лесно центарот да ги открие семејствата со дополнителен приход, по што им го укинува правото на користење на истата.
„ Има повеќе начини за откривање на овие лица. Трудовиот инспекторат веднаш испраќа податоци за лица корисници на помош затекнати на работа, потоа списоци стигнуваат и од заводот за вработување, а уверенија за матријалната состојба на корисниците на социјална помош добиваме и од УЈП. Секако увид во состојбата имаме и од увидот во домаќинствата кој постојано го прави нашата институција“, вели Наумоска.  

Во моментов во Охрид 556 домакинства се корисници на социјална парична помош. Износот на средствата кои ги примаат зависи од бројот на членовите во семејството.

Доколку е едно лице корисник на социјана помош тогаш тоа добива 2174 денари месечно.  Семејставо и домаќинство со два члена добиваат 2,979,00 денари, семејства со три члена 3,784, 00 денари, а со пет и повеќе члена 5 393, 00 денари.

Овие парична помош се намалива за 50 посто, за домакинства кои примаат социјална парична помош додолго од 36 месеци.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top