Kој ќе ги санира новите пукнатини на улицата Јане Сандански

Нови пукнатини и вдлабнатини на тротоарот и коловозот на улицата Јане Сандански. Дел од овој коловоз пред извесно време беше затворен заради безбедноста на учесниците во сообраќајот.

 |  Наташа Размоска  | 
puknatini
puknatini

Нови пукнатини и вдлабнатини на тротоарот и коловозот на улицата Јане Сандански. Дел од овој коловоз пред извесно време беше затворен заради безбедноста на учесниците во сообраќајот. На тој дел асфалтот е распукан, а на тротоарите се појавија вдлабнатини. Согласно договорот кој го има потпишано изведувачот на градежните работи, доколку се утврди дека е причина за овие проблеми се градежните зафати должен е да ги санира, вели Зоран Шикалоски советник за патишта во локалната самоуправа.

puknatini

Шикалоски признава дека вакви пукнатини има не само на овој дел туку по целата улица. Тој објаснува дека тие настанале како последица на поставувувањето на атмосферската канализација на овој пат, пред 6-7 години.

За пукнатините и вдлабнатините кои се појавија, ќе знаеме што е причина дури откако ќе се завршат градежните активности на оваа улица, вели Шикалоски. Тогаш ќе сме во можност да утврдиме во чија надлежност ќе е санацијата на истите, додава тој. Останува да почекаме, па после завршувањето на сите работи, надлежните ќе излезат на терен и ќе пристапат кон санирање и враќање на коловозот и тротоарот во првобитната состојба вели Зоран Шикалоски.
Да се надеваме дека надлежните додека откријат која е причината за пукнатините и кој треба да ги санира истите, нема да пропадне овој дел на патот.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top