Најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња и првата жена од Балканот која го препливала каналот Ла Манш, Атина Бојаџи по нејзината смрт предизвика огромно внимание. Граѓаните, а воедно и советниците на политичките партии едногласни дека треба да и се оддаде почит.
Со смртта на нашата една и единствена Атина Бојаџи, се наметна прашањето на кој начин да и се оддаде почит. Мислењата се поделени, но сите се согласни дека треба на достоен начин да и се оддаде признание на првата жена од Балканот која го преплива Ла Манш. Граѓаните со свои размислувања. Едни сметаат дека треба улица да го носи нејзиното име, други сметаат дека треба да се постави скулптура во нејзина чест, останатите па сметаат дека било како треба да и се оддаде чест на оваа ѕвезда.
И советниците од ВМРО-ДПМНЕ со свој став околу ова прашање. Дејан Пановски вели дека оваа политичка партија предлага некоја од улиците да се преименува и да го носи името Атина Бојаџи. „Од тоа произлезе и предлог за некоја од улиците или малиот плоштад да се вика Атина Бојаџи. Сметам дека идејата и иницијативата наиде на добар одзив кај граѓаните.“-рече Дејан Пановски.
И од СДСМ со свој став околу ова прашање. Според нас името на Атина Бојаџи треба да го понесе спортско рекреативниот центар, вели Ахмет Пател советник на СДСМ од Охрид. Сметаме дека како жена која остави голем печат во пливањето и ќе остане репер за пливач, најсоодветно е да и оддадеме почит на овој начин, додава Пател. На наредната седница ќе се знае конечно решението по ова прашање. „Советничката група на СДСМ одлучи дека најдобро и со цел пиететот да се стави соодветно предложено е спортско рекреативниот центар да се нарекува Атина Бојаџи. Сметаме дека овој центар треба да го носи нејзиното име.“-рече Ахмет Пател советник на СДСМ Охрид.
Само по себе се наметнува прашањето дали после смртта на нашите ѕвезди тие стануваат достојни за почит, велат граѓаните. Требаше да почине нашиот великан за да и оддадеме признание? Атина Бојаџи ја испиша историјата во пливање, го промовираше нашиот град, но и нашата земја, а многу малку од граѓаните знаат дека таа беше толку позната што и беше личен тренер на Барбара Стрејсенд. А во моментите кога и беше најтешко, немаше кој да и подаде рака, велат граѓаните. Излегува дека не знаеме да ги цениме како што треба луѓето кои оставиле свој печат. Но кога ќе отидат во вечноста наеднаш сите стануваат свесни за нивното значење и придонесот за нашата земја.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град