Синоќа беа доделени италијанските фудбалски Оскари во кои очекувано доминираа фудбалерите на Интер кои ја освоија историската тројна круна.
Напаѓачот на Нероазурите, Диего Милито беше прогласен за најдобар фудбалер.
“Ова е огромна награда за мене. 2010 е година која секогаш ќе ја паметам” – изјави Диего Милито.
Најзаслужниот за титулите на Интер, Жозе Мурињо, очекувано ја доби наградата за најдобар тренер.
Поради обврските со Реал Мадрид, Португалецот не можеше да дојде на свечената церемонија.
“Жал ми е што нема да бидам таму, но натпреварот против Севиља кој го играме во среда ми го оневозможи тоа” – изјави Португалецот.
“Да се добие Оскарот е големо нешто, важно е да имате почит, особено од противниците. Серија А е тешко првенство, сеа посебно го гледам тоа кога не сум таму”.
Комплетната листа на добитници на италијанските фудбалски Оскари:
Најдобар италијански фудбалер: Антонио Ди Натале
Најдобар странски фудбалер: Диего Милито
Најдобар млад фудбалер: Хавиер Пасторе
Најдобар голман: Жулио Цезар
Најдобар дефанзивец: Џорџо Киелини и Волтер Самуел
Најдобар тренер: Жозе Мурињо
Најдобар судија: Емидио Морганти
Најдобар фудбалер: Диего Милито
Гол на годината: Маикон против Јувентус
Тим на годината: Интер
Голгетер на годината: Антонио Ди Натале
Најдобар фудбалер според фановите: Едисон Кавани
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град