И додека министерот го објави името на новиот директор на Фестивалот, подготовките околу неговата подготовка течат непречено, изјавува за ТВМ, неговиот музички селектор Гордана Јосифоска Неделкоска. „Предлог програмата е готова, сега чекаме од дирекцијата на Фестивалот на селекторите да им се даде буџет со кој ќе располагаме. Од буџетот зависи и со кои имиња ќе преговараме за настап на фетсивалот. Преговорите со големите музички имиња се долгорочен процес, тие не се добиваат од денес за утре“, вели Јосифоска.
Инаку, Фестивалот Охридско лето е со долгогодишна традиција и минатата година го одбележа јубилејот 5 децении постоење. Фестивалот го финансира Министерството за култура на Република Македонија и спонзори, од кои дел припаѓаат на Клубот на пријатели на Фестивалот. Од 1994 год. Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на Фестивалите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град