Аирлија театар

Охрид и охриѓани по децении чекање го добија својот професионален театар.

 |  Крсте Голабовски  | 

Градот Охрид го доби свјот професионален театар. Денес во Охрид Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска ја соопшти веста дека Владата на РМ ја усвои информацијата доставена од страна на Министерството за култура, за формирање посебна организациона единица Театар во состав на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“.

Со ова постојаната мрежа од 5 тетари кои успешно дејствуваат во состав на центрите за култура во Велес, Прилеп, Куманово, Штип и Струмица од денес ќе се надополнат со новиот потенцијал на Охридскиот театар и ќе бидат стимул и продуктивен импулс за младите актери и театарски уметници кои живеат и работат во Охрид и кои во изминатиов период покажаа завидни резултати.

Новиот тетатар е финансиран со средства од буџетот на Р. Македонија и за почеток ќе бидат вработени 5 актери и еден уметнички раководител на театарот кои ке го чинат стручното и креативно јадро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top