Охрид го загуби духот. Многу пари – малку музика

Се изврши финалната промоција на проектот Духот на Охрид. Вклучените во проектот со позитивни оценки.

 |  Тања Кувенџиска  | 

Се изврши финалната промоција на проектот Духот на Охрид. Вклучените во проектот со позитивни оценки. Се поставува прашењето- колку производите добиени со проектот го имаат квалитетот- неопходен да го привлече интересот на префинетите странски туристи.

Секторот за Локален економски развој го промовира финалниот резултат на проектот Духот на Охрид, чија изработка траеше една година.

Резултатот од оваа едногодишна, според вклучените во проектот- макотрпна работа се: дигитален атлас, веб страница и промотивно цд за Охрид на англиски јазик.   
За градоначалникот Александар Петрески, Духот на Охрид e голем придонес кон промоција на нашето природно и културно наследство.

Со позитивни оценки за проектот и Манфред Бух, раководител на проектот за изработка на националната стратегија за развој на Македонија. На овој начин гостите кои сакаат да престојуваат во Охрид ќе може лесно да дојдат до потребните информации за тоа- со какви се природни и културни богатства располага градот, вели Бух.

Извршените испитувања на јавното мислење во рамки на проектот покажале дека 66 % од охриѓани очекуваат и преферираат гости од западно- европските земји. При тоа, беше потенцирано дека Охрид нема капацитет за масовен, туку за елитен туризам.

Се поставува прашањето- дали квалитетот на изработеното ЦД за промоција на Охрид и веб страницата ќе го задоволат префинетиот вкус на елитните гости. Добрите познавачи на современата технологија коментираат дека на ЦД- то му недостасува живост, фотографии од природните убавини на Охрид кои би го одзеле здивот.  

Истиот коментар следува и во однос на веб страницата- на неа може да се најдат застарени информации, а доколку барате сместување- изборот треба да го направите според една или две фотографии кои се со лош квалитет.

И на денешната финална презентација на Духот на Охрид, и градоначалникот Петрески и Бух го избегнаа одговорот на прашањето- колку пари вреди овој проект и колку наменски тие средства се искористиле.
Проектот Духот на Охрид се реализира со средства од претпристапните фондови на ЕУ, а покрај општина Охрид, учествува и општина Пефка од Грција.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top