На поплаките од жителите дека овој дел од патот се раскопува по втор пат, Цветкоски вели дека тоа е така затоа што најпрво се поставувала канализација, па нова водоводна линија и дури сега се поставува атмосферска канализација. Не е возможно сите активности да се изведуваат истовремено, додава директорот на ЈП„Нискоградба“. Темпото со кое се одвиваат сите започнати активности е според зацртаниот план. Се надевам дека до Велигден ќе се завршени сите активности.
Владо Цветкоски директор на ЈП„Нискоградба“ објаснува дека активностите за ставање на атмосферска канализација се отпочнати во декември. Од влезот на ова населено место па се до основното училиште поставен е систем за атмосферска канализација од 600 метри. Паралелно со ставањето на шахтите за одведување на отпадните води, се поставуваат и ревизиони шахти, додава Цветкоски.
И од Одделението за комунален развој Зоран Шикалоски кажа, дека преземени се активности за целосна санација на патот кој води до црквата „Св.Димитрија“. „Пред еден месец на овој потег се постави канализација и извршени беа ископи на асфалтот. Сега треба да почекаме да измине одреден временски период за да налегне теренот. Согласно програмата на општината предвидена е санација на овој пат и враќање на истиот во првобитната состојба“, додава Шикалоски. Од страна на „Гранит“ веќе започна нивелирање и санација и на шахтите кои се наоѓаат на левата страна на патот, вели Шикалоски. Тој додава дека сите започнати активности ќе бидат реализирани штом временските услови ќе го дозволат тоа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град