Нула царина за возилата произведени во ЕУ

Нашите граѓани сеуште недоволно информирани за безцаринскиот режим. Истиот им овозможува купување на нови и половни автомобили без да ги плаќаат високите царински давачки. Со ова, тие добиваат можност да го подноват својот возен парк со некое поново возило.

 |  Мишел Наумоски  | 
avtomobil
автомобил

На 1ви Јануари оваа година истече Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација според која во период од 10 години требаше да се врши усогласување на Македонското со Европското законодавство. Царинските давачки кои се плаќаа во изминативе 10 години конечно стануваат минато за нашите граѓани. Не ретко низ охридските улици се среќаваат возила со странски таблички, најчесто од Бугарија, Италија, Словенија и други земји. Истите мора да се регистрираат со ознаките на нашата земја. Овој режим на граѓаните им овозможува ослободување од високите царински давачки кои изминатава година изнесуваа 5%. Трендот на намалување на царинските давачки започна кога од првобитните 10% истите беа снижени на 5. Сепак од 1ви Јануари оваа година нашите граѓани ќе можат да купат многу понови возила без притоа да ги плаќаат високите царински давачки. Кој знае, знае за оваа поволност при купување на странски возила, но добар дел од граѓаните сеуште не се доволно информирани за безцаринскиот режим. Не успеавме да стапиме во контакт со локалните дистрибутери на нови возила за да го слушнеме и нивниот став по однос на ова прашање. Царинската управа пак за 2010 година бележи пад на приходите од царини и акцизи. Минатава година се собрани околу 81 милиони евра што претставува намалување од 10% во однос на 2009 година.

До крајот на оваа година и нашата земја ќе претставува зона на слободна трговија, сепак останува прашањето колку нашите граѓани се финансиски моќни за да купуваат макар и половни автомобили.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top