Пенант заборавил Порше во Шпанија!!!

Сосема нормално е да се заборават клучеви на маса, датум на роденден или нешто слично меѓутоа досега сигурно никој нема чуено човек да заборави дека поседува Порше. Тоа му се случи на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Арсенал и Сарагоса, Пенант сега член на Стоук.

 |  Маја Савиќ  | 
pennant
Пеннант

porscheСосема нормално е да се заборават клучеви на маса, датум на роденден или нешто слично меѓутоа досега сигурно никој нема чуено човек да заборави дека поседува Порше. Тоа му се случи на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Арсенал и Сарагоса, Пенант сега член на Стоук.

Имено градските власти на Сарагоса се обратиле до шпанскиот прволигаш поради скапоцениот автомобил со регистарски таблички “П33ННТ” кој бил паркиран на локалната железничка станица изминативе пет месеци. Поршето морало да биде обиено за да се влезе во него, а на предното седиште биле најдени клучевите од автомобилот.

Нормално англиските и шпанските медиуми не останаа рамнодушни и се пошегува на оваа несекојдневна ситуација.

“Бил премногу зафатен со возење на останатите автомобили, па изумил да си го прибере Поршето” стои во еден од коментарите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top