Масовно капење на рибарите

Иван Тасески влегува во традицијата на една од поголемите манифестации во Охрид, фрлањето на бурето со вино, која се одржува на големиот христијански празник Св. Јован Крстител.

 |  Билјана Николовска  | 
bure
буре

bureФрлањето на буриња со вино во водите на Охридското езеро дел од одбележувањето на големиот христијански празник Св. Јован Крстител. Оваа традиција од година во година прераснува во врвен настан не само кај нас туку и пошироко. Триесет литарското буре кое падна во рацете на годинешниот ксметлија Иван тасески, ќе му донесе 10 000 денари, а ќе се испие за 5 минути.
Евроамбасадорот Ерван Фуере и годинава дел од тајфата на скокачите по бурињата со вино. Како и секогаш неговите импресии се повеќе од позитивни.
Тој верува дека Охрид со оваа манифестација е чекор понапред од останатите македонски градови и е репер за тоа во која насока треба еден град културно да се надградува.
bure

Присуството на охриѓани и бројните гости и годинава  масовно. Гостите импресионирани од адетите кои се прават во рамките на одбележувањето на Богојавление. Некои беа присутни за прв пат а некои не, но дадоа ветување дека за летниот одмор сигурно повторно ќе се вратат
Спомените за риболовот во Охрид, кај Илија Поп Стефанија, не избледуваат ни после многу години. Што значел риболовот некогаш а што значи денес, ни појасни овој стар рибар. Според Поп Стефанија од риболовот добро се живеело некогаш, а денес не е тоа така
Годинава во рамките на одбележувањето на празникот беа вклучени нови содржини. Приготвување на рибја чорба и прикажување на средствата со кои некогаш се ловела рибата.
И годинава гостите се замезија со охридската плашица и домашните колбаси, а се напија и по некоја голтка вино. Годинава во знак на деветгодишното посетоње на оваа манифестација во водите на Охридското езеро на Сараиште, се фрлија 9 буриња со вино. Денот по Богојавление, 20 ти јануари е посветен на Св. Јован Крстител, заради неговата главна улога која ја одиграл тој во крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top