Чаршиски муабети

Реакција во врска вчерашната манифестација Богојавление – Водици.

 |  Крсте Голабовски  | 
vodici
Водици

Реакции и поделени мислења во врска со регуларноста на вчерашното фрлање на светиот крст. Во електорнското писмо кое стигна до нас, се потенцира дека посебна „заслуга“ за незадоволството има владиката Тимотеј,  кој секоја година се напрега да „погоди“ некој од „подобните“. Исто така револтираниот граѓанин реагира и на организацијата на самата манифетсација од страна на здружението „Богојавление“, со зборовите дека ова здружение наместо максимално да се вложи за фер и достоинствен настан, го обезвреднува со плитки оправдувања. Но, како и секоја година и годинава мислењата на охриѓани се различни.

За воља на вистината вчера силно одекнаа извиците „уаа“ при фаќањето на чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро, кој годинава заврши во рацете на 21-годишниот Јован Делов од Варош. А реакцијата која стигна во нашата телевизија не е и едниствената. Во јавноста се слушнаат и коментари дека треба многу подобро да се организира чинот на фрлање на крстот, така што сите капачи ќе запливаат заедно од брегот, со што би се избегнале несаканите реакции и меѓу учесниците и во јавноста. Но изгледа, за овој сега веќе  урбан мит, уште долго охриѓани ќе зборуваат. И во годините пред нас ќе останат без одоговор прашањата, дали навистина се мести кој да го фати крстот и дали е тоа воопшто можно, или пак едноставно оние кои не умеат да го фатат, имаат право да се лутат. Кој и да е одговорот останува само да се надеваме дека се спроведува вољата Божја.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top