Маса против Хамилтон во Монца

Возачите на Мекларен и ферари, Луис Хамилтон и Фелипе Маса овој викенд на патеката во Монца ќе продолжат со трката за титулата, првак во Ф1.

 |  Крсте Голабовски  | 

Возачите на Мекларен и ферари, Луис Хамилтон и Фелипе Маса овој викенд на патеката во Монца ќе продолжат со трката за титулата, првак во Ф1.

Првопласираниот Хамилтон, во трката за големата награда на Италија влегува со два поени предност во однос на Маса, кој минатиот викенд победи во Белгија благодарение на казната за британскиот автомобилист. Разилецот Маса, ќе се обиде да му донесе победа на Ферари во Монца, осма во последните 11 години на таа патека.

“Среќен сум затоа што првенството е сеуште отворено и нема фаворити“ изјави Маса во Монца.

Хамилтон во белгија на конечното време кое го забележа, доби уште 25 секунди, бидејќи „пресече“ една од кривините на недозволен начин и според мислењето на организаторите, на нефер начин дојде до победата.

Мекларен се жалеше на казната, но конечната одлука нема да биде донесена пред трката во Сингапур, на крајот на Септември.

„Луѓето велат дека во Монца се важни снагата и максималната брзина, но знам дека се важни и способностите на возачот. Затоа и ја сакам оваа патека.“ изјави Хамилтон.

Актуелниот светски шампион Кими Раиконен од ферари ќе се обиде во Монца да освои поени, после две трки по ред во кои не му појде од рака.

„Не се грижам поради тоа што се случува и нема да се откажам. Ќе се борам до крајот. Мојата моментална позиција не е идеална, но немам што д аизгубам“ изјави Раиконен кој моментално се наоѓа на четвртото место на табелата.

Незваничните тренинзи во Монца започнуваат денес,додека квалификациите се утре. Трката за големата награда на Италија е во недела во 13 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top