Над десет илјади верници денес присуствуваа на оваа најмасовна верска манисфестација, а во осветените води на езерото влегоа над илјада капачи.
Дваесет и едногодишниот Јован Делов денес беше најсреќниот Охриѓанец. Тој од водите на езерото го извади светиот крст, кој од бродот „Галеб“ го фрли владиката на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј. Делов изјави дека се чувствува неверојатно и дека му посакува на секој од оние кои скокаат во водите на езерото да го доживее истото чувство. Видно возбуден Јован кажа дека седмиот обид за да го фати светиот крст, за него бил успешен.
Манифестацијата започна во 9 часот со културно – уметничка програма и незаменливата топла ракија, која бесплатно се делеше на повеќе пунктови на градскиот плоштад. Охриѓани и гостите ги забавуваше познатата фолк ѕвезда Сузана Спасовска. Во присуство на бројни угледни гости од Македонија и соседните држави, министри, политичари, претставници на дипломатскиот кор, како и учесниците на Меѓународниот саем за туризам што се одржува во Охрид.
Водосветот е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и дух. Многу охриѓани денес се нурнаа во водите на езерото со цел да го прочистат своето тело и дух и господ да им даде здравје и благосостојба. Другите пак, полнеа од осветените води на езерото. Се верува дека оваа осветената вода има лековити својства и дека се користи кога некој има здравствен проблем.
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, во рамките на манифестацијата ја организираше акцијата – Имаш пет минути- дарувај крв. Претседатолот Сашо Точко информира дека од акцијата се собрани повеќе од 100 единици од оваа скапоцена течност, а годинава успехот е дотолку поголем бидејќи успеале да анимираат голем број на лица за прв пат да даруваат крв. Точко додава дека оваа година може да се прогласи и за една од најмирините што се однесува до интервенциите. Изгледа дека апелот кој беше испратен преку нашата телевизиска куќа вроди со плод, па денес освен неколку мали посекотини кај некои од капачите не е забелажан ниту еден случај на хипотермија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град