Центарот за култура доби 5 милиони денари за 2011

Од колачот на Mинистерствотo за култура, 5 милиони денари одат за центарот за култура “Григор Прличев“.  Покрај пари за традиционалните манифестации кои ги покрива министерството како што се Балканскиот фестивал за народни песни и игри,  Oхридските староградски средби, ансамблот на народни песни и игри Бисери, годинава има пари и за доделувањето на наградата Григор Прличев која е во склоп на Прличевите беседи, но и за многу други нови проекти.

 |  Татјана Маленкова  | 
Боцевска
Bocevska

БоцевскаОд колачот на Mинистерствотo за култура, 5 милиони денари одат за центарот за култура “Григор Прличев“.  Покрај пари за традиционалните манифестации кои ги покрива министерството како што се Балканскиот фестивал за народни песни и игри,  Oхридските староградски средби, ансамблот на народни песни и игри Бисери, годинава има пари и за доделувањето на наградата Григор Прличев која е во склоп на Прличевите беседи, но и за многу други нови проекти.

„ Доделени се средства за музичко балетската престава Палешка, промоијата во културно информативниот центар во Софија на писателот Тоде Илиевски за неговата детска наградена книга „Чај од липа“ и имаме два драмски проекти едниот во режија на Мони Дамевски со работен наслов „Идими дојди ми“ на кој автор е Братислав Димитров и „Кабаре Мистериозо“ автор Дарио Фош, а режија Дејан Дамјановски“, истакнува директорката Боцевска.

Радува фактот што годинава министерството за култура конечно издвои средства и за реконструкција на летното кино и сцена, Кино Бавча. „Се надеваме дека средствата кои ги добивме ќе бидат доволно за нашите проекти кои ги планираме за годинава“, вели директорката на центарот за култура Драгана Боцевска.

„Средствата се окол 5 милиони денари за сите проекти. Не се големи нашите проекти и би требало да бидат доволно, ако не се тогаш ќе вклучиме и спонзори. за летното кино за реконструкција  одобрени ни се 200 илјади денари. Оваа сцена ќе биде оспособена да се изведуваат настани од културата , концерти…“, додава Боцевска.

Боцевска истакна дека Центарот за култура поднел пријава за зачленување во Европската мрежа „Еуроимаж“. „Се надеваме дека ќе го добиеме членството, затоа што на тој начин ќе имаме можности за добивање средства или опрема за киното, но и можност да направиме Европски филмски ревии.

Боцевска најави дека центарот за култура ќе продолжи со филмските новитети. Според репертоарот првиот филм кој годинава ќе се емитува е комедија, бугарскиот филм вој кој учествуваат и македонски актери „Мисија од Лондон“. Таа додаде дека како и минатата така и годинава охриѓани на кино репертоарот ќе имаат можност да проследат многу европски но и американски хитови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top