Семејството Колоски се надева на второ чудо

После чудото кое го врати нивниот син единец Јован во живот, кој се наоѓаше 15 месеци во кома, семејството Колоски се надеваат на уште едно чудо. Да се најде поединец или институција која ќе го плати исклучително скапиот лек, кој на Јован ќе му помогне да закрепне.

 |  Мишел Наумоски  | 
Jovan Koloski
Jovan Koloski

Чуда навистина се случуваат. Малечкиот Јован Колоски, кој помина 15 месеци во кома, а за кој Твм веќе пишуваше, пред извесно време се разбуди. Семејството Колоски со неопишлива радост се понадева дека дојде крајот на нивните кошмари. Но за жал тие, заедно со малечкиот Јован повторно наидоа на препрека во неговото опоравување. Неговата мајка Мирјана со солзи во очите кажува, дека постои голема можност нејзиниот единец да се опорави, но за тоа се потребни многу пари кои тие за жал ги немаат. Мирјана ни ја раскажа нивната голгота на која сретнале многу хумани, но и нехумани луѓе. Таа до ден денес не може да даде објаснување за контрадикторните дијагнози кои им биле давани во клиниката во Скопје. Сеуште трепери кога ќе се сети на шокантна вест од д-р Марија Котурец, дека нивниот син нема уште многу да живее. Првичната дијагноза кај Јован била meningitis paencefalitis, но знаци на отоци и оштетувања во неговиот мозок не биле забележани. Откако Јован паднал во кома во која се наоѓал цели 15 месеци тој бил чуван и во принудна кома во Љубљана уште 83 дена, а потоа се наоѓал и во посебен вид на кома наречен ВИХИЛЕ, поим кој дури ни лекарите не знаеле да им го објаснат на Колоски. Конечно после 15 месеци со серум од крвта на Јован кој го испратиле во Оксфорд во Англија е констатирано дека се работи за редок вид на воспаление на мозокот, ЕНЕНДЕАЛЕН ЦЕФАЛИТИС од кој во светот боледуваат само околу 30 луѓе, а на балканот Јован е единствениот со ваква дијагноза. Лекот кој му го препишале за неговата терапија се вика ИМУНОГЛОБУЛИН. Резултатите од овој лек биле неверојатни, Јован излегол од кома, престанал да добива напади и неговата состојба драстично се подобрила. Јован исто примил и експериментален лек наречен МАПТЕРА кој во Канада покажал резултати кај два случаи кои се излечиле од оваа болест. Станува збор за  автоимуна болест, што значи дека организмот создава антитела кои не го препознаваат своето тело и поради тоа го напаѓаат мозокот на Јован. ИМУНОГЛОБУЛИНОТ кој му е препишан на Јован е скап медикамент, само една доза од истиот чини околу 3000 евра, средства кои семејството Колоски ги нема. На неврологија им рекле дека имуноглобулинот е добар лек и дека е многу ефикасен, но дека Македонија е сиромашна земја и дека не можат туку така да го даваат тој лек. Се обиделе да добијат средства и од Програмата за ретки болести, но од таму им рекле дека пари во нивната каса нема.
Jovan Koloski„Единствена светла точка е што денес сопругот беше повикан во Скопје кај заменик министерот за здравство Владо Попоски, не знам точно што одлучиле, но наводно ќе се потруделе да ни го набават имуноглобулинот, уште 4 дози кој е доста скап лек“-ни рече Мирјана Колоска, мајката на Јован. Заменик министерот е единствената личност која одговорила на повиците на семејството Колоски. Попоски ги посетил и во нивниот дом, но никој друг не се обидел да им помогне. Не одвоиле ни време да го погледнат документарниот филм направен за Јован од студентот по режија,  Бобан Попоски, филм кој имал проекција во киното „Македонија“ во Скопје.

„Друга причина за заминувањето во Словенија е и рехабилитациониот центар во Соча каде лани за само 3 недели се постигна голем успех со Јован, тој ги смири своите движења на главата, научи да седи правилно и веќе почнува и да оди. Се надеваме дека барем уште 3 недели и ќе биде добро“ изјави мајката на Јован.

Дали ќе успее системот конечно да му помогне на ова семејство останува да видиме. Колоски немаат причина да веруваат во ова, но обезбедувањето на 4 нови дози на имуноглобулин би биле добар почеток. Засега сите можеме само да се молиме за целосно оздравување на малиот Јован кој и тоа како го заслужува тоа. А, апел до сите хумани луѓе кои се во можност да му помогнат на ова дете да се радува во својот живот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top