29-та седница на Советот на општината прва во оваа година, заврши пред и да започне. За помалку од половина час, на барање на советничката група на СДСМ, седницата беше прекината. Имено на оваа група, а во врска предлог иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за преименување на една од улиците во личнсота и делото на спортскиот великан Атина Бојаџи, и беа потребни дополнителни консултации со останатите коалициони партнери, истакна советникот од оваа група, Ахмед Патељ. А од оваа советничка група и со малку поразличен предлог за истата иницијатива.
„Како советниќка група сме на став и на предлог СРЦ, да го носи нејзиното име“, потенцира Патељ.
За советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прекинувањето на седницата очекувано. Координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски претпоставува дека причина за прекинот на денешната седница е немоќта на советничкото мнозинство да ги собере потребните гласови, по однос прашањата кои требаше да бидат на дневниот ред од денешната седница.
„Тоа до некаде и го претпоставувавме затоа што веројатно внатре не постои координација по одредени прашања. Ние бевме подготвени за оваа седница со наш став по сите прашања“, додава Паноски.
Инаку на дневниот ред на денешната седница, имаше
неколку навистина актуелни точки од комуналната сфера.Советниците требаше да дадат амин на одлуката за задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид со долгорочен кредит во Охридска банка АД Охрид, а требаше да се расправа и за новата давачка на граѓаните, поточно за Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за „Солидарен пакет – погребни услуги“.Претседателот на советот, Душко Јаковчески потенцира дека во текот на наредните дена ќе биде утврдено кога ќе продолжи прекинатата 29- та седница.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град