На граѓаните не им е потребна екстра давачка

Ова е ставот на советниката група на ВМРО-ДПМНЕ, во врска утврдување на висината на надоместокот за  „Солидарен пакет – погребални услуги“.

 |  Крсте Голабовски  | 
grobishta
гробишта

grobishtaОва е ставот на советниката група на ВМРО-ДПМНЕ, во врска утврдување на висината на надоместокот за  „Солидарен пакет – погребални услуги“.
Со прекинот на денешната седница на Советот на општината, се пролонгира и изгласувањето на нејзиниот износ. Само за потсетување, точката на која требаше да се изгласа висината на погребалните услуги, помина пред градските избраници на последната седница на совет минатата година, но со одредени забелешки. Дел од советниците реагираа дека 100 -те денари кои граѓаните треба да ги плаќаат е преголем месечен издаток за охриѓани, а и Градоначалникот најави дека локалната ќе направи се  да го намали трошокот на граѓаните.Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски, информира дека оваа група заедно со колаиционите партнери, на координативниот состанок дошле до став по однос оваа давачка, која доплнително треба да им се наметне на граѓаните.
„Сметаме дека дополнително оптеретување на граѓаните не им е потребно со оваа давачка. За да ја задоволиме законската определба, нашиот став е давачката за оваа потреба да не изнесува повеќе од 200 денари, годишно“, додава Паноски.
Паноски додава дека согласно законот оваа давачка треба да се утврдува на годишно ниво, но би било идеално доколку се најде начин истата да не се наплатува преку доставување сметки на граѓаните туку да се надополни преку интервенции на самиот буџет на општината. Со ваков модус ќе се задоволи и законската основа за имање на цена по оваа давачка, а ќе се задоволат и граѓаните така што нивните буџети нема дополнително да бидат оптоварени со уште една давачка, вели Паноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top