Локалната самоуправа има големи планови за 2011 год. Градоначалникот смета дека токму годинава ќе се изградат неколкуте капитални проекти за Охрид. Петрески за ТВМ ги открива плановите за оваа година.
Владината одлука со која државното земјиште од трета, четврта и петта категорија, од месец јуни 2011 год треба да премине во рамките на општината, ќе овозможи токму на тие места конечно да се изградат капитални објекти, вели Градоначалникот Александар Петрески. Тој смета дека за овие промени локалната треба добро да се подготви.
Градоначалникот Петрески вели дека, локалната веќе размислува и за плажите, кои за скоро треба да потпаднат под општина Охрид. „Нашата заложба е, и ќе биде, плажи, а не ноќни клубови и дискотеки“, вели градоначалникот.
Во приоритените задачи на локалната самоуправа Петрески го стави и рекреативниот центар Галичица, се разбира, доколку во оваа година локалната самоуправа ги добие ингеренциите за овој центар.
Градоначалникот додава дека и покрај тоа што овие проекти чинат многу, сепак, крајно време е локалната да започне со нивна реализација. Тој додава дека оваа година, тие, многу внимание ќе посветат и на заштитата на животната средина. „При крај сме со проектот секоја куќа да е приклучена на канализација“, додава градоначалникот. Како поголем зафат, тој го истакнува проектот дислокација на коритото на Коселска Река, со што конечно ќе се стави крај на загадувањето на Охридското езеро, во делот кај населбата Далјан. Петрески додаде дека штом овој проблем ќе се реши, тогаш, на овој потег конечно ќе може да се изгради долго најавуваната марина, но и да се доврши започнатата патека, со која ќе се спојат населбата Далјан и Канео.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град