Ф1 болидите ќе звучат „секси“ во 2013

Ако претходно постоеа некакви несогласувања околу звукот кои моторите од 2013 ќе ги произведуваат, Алонсо се обиде да ги разубеди фановите во спротивното, додавајќи дека инжињерите ќе направат се што можат за звукот да биде „секси“.

 |  Маја Савиќ  | 
f1
Ф!

Ф1 во 2013 преминува на нисколитражните 1.6 мотори со турбо полначи, а вртежите ќе бидат намалени на 12 000. Лука ди Монтеѕемоло, Берни Еклстоун и уште неколку „фаци“ од Ф1 падокот го поставија прашањето за звукот на новите мотори, а Италијанците од Ferrari дури се спротиставија на воведувањето на овие мотори.
Alonso press
Но доколку звукот е во прашање, тогаш Фернандо Алонсо им даде причина повеќе на фановите да не се сомневаат во звукот кои моторите од 2013 ќе го произведуваат.

„За возачите, нема да има голема промена,“ – одговори Алонсо откако беше прашан дали звукот нема да биде истиот. „Тоа е така бидејќи ние возачите слушаме само 5-10% од надворешниот амбиент.“

„Што се однесува до фановите, тие немаат причина за грижи бидејќи уверен сум дека инжињерите ќе направат добри издуви од кои звукот на новите мотори ќе биде многу секси,“ – ги увери Ф1 фановите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top