Охридската болница прераснува во регионален центар

„ЈЗУ Општа болница“ Охрид, доби статус на регионална здравствена установа.

 |  Крсте Голабовски  | 
proekt za rekonstrukcija
проект за реконструкција

Акредитацијата е веќе добиена, па во периодот кој следи оваа установа ќе може да се пофали дека е само на чекор до тоа да стане клиника, вели портпаролот Д-р. Сашо Василески. Од раководството на болницата додаваат  дека, паралелено со нејзината реконструкцијата и опремувањето со најсовремена апаратура, интензивно се работи и решавање на кадровските проблеми и пречки.

„Јас морам да констатирам дека минатиот период не е водена никаква аналитика во однос на старосната граница на нашите лекари. Охрид во моментов има највисока старосна граница на лекари. Многу од нив заминуваат во пензија и се професионално истрошени, па мора да се обновиме со нови кадри“, вели порпаролот Василески.


Василевски додава дека новите кадри кои ќе се примат, веднаш ќе бидат испратени на доедукација на клиниките, па така за 3-4 години би се обновил и кадарот во болницата. Инаку планираните вработувања, кои во моментов се однесуваат само на докторски кадар, според  раководството на болницата би требало да се случат за две недели. Станува збор за десетина општи лекари и двајца специјалисти. Но, тоа не е единствениот кадровсски проблем кој треба да биде решен.

„Нормално имаме побарано цел еден список на вработени кои се на договор на дело, а како насока од ЕУ добивме да нема договори на дело. Или ке си одат дома или ќе бидат трајно вработени. Јас мислам второто“, потенцира Василески.

Од „ЈЗУ Општа болница“ додаваат дека потребите за зголемување на медицинскиот персонал се големи. Портпаролот Василески потенцира дека најголема е потребата за кадар на одделенијата за урологија, хирургија, инфективното одделение, како и одделението за радиологија. Со примањето и доедукацијата на новите кадри ќе се направи развојна спона помеѓу старите и новите кадри, искуството и младоста. А младите кадри со доедукацијата ќе бидат лиценцирани оспособени да работат со најсовремената апаратура која болницата ќе ја добие, а е во вредност од над 2 милиони евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top